еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Недела останува неработен ден, Уставен суд не поведе постапка

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за предметот во кој беше оспорено работењето во недела, информира на прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.

Тоа, како што појасни таа, значи дека во правниот поредок останува Законот кој го уредува правото на работниците да не работат во недела, освен во дејностите кои се исклучоци, а секако се предвидени со сегашното законско решение.

– За Уставниот суд неосновани се наводите на Стопанската комора на Северна Македонија, која е подносител на оваа иницијатива и која бараше да се запре извршувањето на овој Закон. Оваа одлука е конечна и секој мора да ја почитува, нагласи Беловска.

Уставниот суд расправаше за овој случај на седница што се одржа на 14 септември годинава, но одлука не беше донесена поради недоволно мнозинство гласови.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Генералниот секретар на ОН, Гутереш: Запрете ги војните, да се бориме против коронавирусот

Редакција

Нови 130 случаи на Ковид-19, во Скопје 88

Редакција

„Ругање со Христос“ доби бесплатна реклама од Министерството за култура и Агенцијата за филм

Редакција