еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нефи Усеини и неговиот брат Ибро добија ослободителна пресуда за нападот на Спиро Топаловски

Бизнисменот Нефи Усеини и неговиот брат Ибро, добија ослободителна пресуда за насилството врз нивниот сограѓанин Спиро Топаловски, што се случи пред две години пред охридски хотел.

Во пресудата на Основниот суд Охрид, се наведува дека Топаловски „во текот на главната расправа, манифестирал однесување со кое најстојувал да им помогне на обвиниетите да ја намалат или избегнат кривичната одговорност.“

„Така, овој сведок кој иако има својство на оштетен, пред Судот категорички изјави дека не се чувствува за оштетен, нема интерес за кривично гонење на обвинетоте, не истакнува оштетно побарување, па судот ја прифати неговата слободна диспозиција, заради што практично во оваа постапка од формално-процесен аспект нема оштетен субјект,“ се наведува во пресудата на Основниот суд во Охрид.

Во пресудата се наведува и дека е неспорно оти двајцата браќа го нападнале Топаловски и му нанеле повреди, што е потврдено и со лекарски прегледи и со снимки од видео надзорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нефи Усеини на кого му се суди за насилство заминал на операција во Турција

Нефи Усеини и неговиот брат излегоа од притвор, дале гаранција во недвижен имот проценет на 850 илјади евра

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа девет нови лица од Ковид-19, вкупната бројка се зголеми на 460

Редакција

Не сме ни помислиле да направиме провокација, вели претседателот на бугарскиот клуб во Охрид

Редакција

Ќе ги подбере ли некој навивачките групи?

Редакција