еМагазин
Image default
Македонија

Неизвесно денешното рочиште за „организаторите на настаните на 27 април“ поради самоизолацијата на Јанакиески

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието.од 27 април 2017 година.

Претходното рочиште беше одложено поради отсуство на обвинетите Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски, кои беа во самоизолација, поради корона вирусот.

Неизвесно е и денешното продолжени, бидејќи во самоизолација е уште еден од обвинетите, Миле Јанкиески.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се одложи судењето за „ТНТ“, бидејќи Јанакиески е во самоизолација

И екс-министерот Јанакиески отиде во самоизолација

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска пресуда за тужбата за клевета на Рускоска против ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

(Видео) Во акција на македонската и бугарската полиција откриена импровизирана лабараторија за синтетички дроги

Редакција

Нимиц: Ова е голем напредок, ги охрабрувам лидерите конструктивно да го финализираат Договорот

Редакција