еМагазин
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Нема датум за ЕУ во октомври без ново СЈО и борба против корупцијата и криминалот

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој беше во посета на земјава, не дипломатски, туку директно ни го кажа тоа што веќе сите го знаеме: нема датум за старт на преговорите со Европската Унија (ЕУ) во октомври или било кога без владеење на правото преку усвојување на Законот за јавно обвинителство, со кој се дефинира иднината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот.

И покрај тоа што и власта и опозицијата оваа многу убаво го знаат многу од порано, во меѓувреме ја замајуваат јавноста и лицитираат со имиња кој би бил идниот шеф на новото СЈО, иако тоа не е нивна работа, а за тоа што е нивна работа, итното донесување на Законот, немаат абер.

Колку државата пак навистина се бори против криминалот и корупцијата ќе покаже епилогот од актуелниот случај „Рекет“, на Јавното обвинителство, финалето на случаевите на СЈО, кои се влечат на суд со години, но и каква ќе биде целокупната слика која Македонија ќе ја испрати за борбата против корупцијата и криминалот кои се рак рана на македонското општество.

Така да, се знае што се очекува од нас. После пак да не ни биде Цацко крив, ако не ни дадат датум и во октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хан: ЕУ да го испорача ветеното, а вие да продолжите со реформите

Ахмети не сака новото СЈО да го води странец, немало потреба земјата да се претвара во протекторат

Алијансата за Албанците до Хан: Испратете ни обвинител од ЕУ за сериозно да се бориме против криминалот и корупцијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Ковачевски дезертирал во воениот конфликт во 2001, прикажувајќи се како трајно неспособен

Редакција

Од Ковид-19 починаа 24 лица

Редакција

(Фото) Приказна со среќен крај: Куче 13 часа го грееше телото на неговиот пријател планинар, по пад во непристапен терен

Редакција