еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нема простор за никаква паника, има доволно нафта и нафтени деривати, вели Бектеши

Нема простор за никаква паника во делот на снабдување со нафта и нафтени деривати. За мене е несфатливо како е дојдено до оваа ситуација, бидејќи сите анализи покажуваат дека и компаниите сами имаат залихи, а дополнително имаме и согласно Агенцијата за стокови резерви и нафта и бензин и сите други деривати кои се пропишани. Ги повикувам сите граѓани да не чекаат во колони на бензинските пумпи, бидејќи нема никаков простор за паника, нагласи вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој, во гостувањето на дневникот на Сител ТВ, потенцираше дека создадената паниката е вештачки креирана ситуација.

– Треба да се провери како, дали е тоа од трговците со нафта и нафтени деривати или се дезинформации на портали. Ги уверувам сите граѓани дека тоа се целосно дезинформации – има нафта и нафтени деривати во нашата држава и залихите на компаниите се проверени од страна на Пазарниот инспекторат, а секако ги знаеме и податоците на државните резерви, истакна министерот за економија.

Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање околу поставените лимити за колку гориво може да наточи еден потрошувач и забраната за полнење во туби, наметната од страна на одредени трговци на мало, рече дека тоа е недозволиво.

– Јас разговарав со директорката на Пазарниот инспекторат – тоа е недозволиво да се направи, но не треба сами граѓаните да шират паника, да одат на бензински пумпи на ваков начин, бидејќи првично нема ништо да добијат од тоа.

Во континуитет ќе има нафта и нафтени деривати и не треба сами да ја создадат кризата, затоа што кога не се купува согласно потрошувачката што е предвидена или повеќе или помалку, тоа може да создаде нарушување на пазарот. Значи нема никаков проблем во делот на снабдувањето со нафта, бензин и други деривати, изјави Бектеши.

Министерот за економија додаде дека инспекторите од Пазарниот инспекторат се на терен и спроведуваат контроли.

Тој потсети дека во континуитет се снабдуваат сите трговци со нафта и нафтени деривати во нашата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нафтени деривати има, одредени трговци вештачки го нарушуваат пазарот, велат од Регулаторната комисија за енергетика

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проверете дали сте на новата листа на должници на УЈП

Редакција

Помогнете на семејства кои не се во можност да отидат на одмор

Редакција

(Видео) Малолетник загина од гром во силно невреме во Негорци

Редакција