еМагазин
Image default
Македонија

Нема поместување во позициите на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство

Министерката за правда Рената Дескоска изјави дека има неформални консултации меѓу работните групи на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство, но се уште нема официјална средба за надминување на разликите.

Дескоска потврди дека нема поместување на позициите и оти се уште постои недоразбирање со опозицијата за тоа што било разговарано за јавното обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на лидерската средба меѓу ЗоранЗаев и Христијан Мицкоски.

– За носење на законот потребни се 80 гласа, кои ги нема Владата во овој момент. Компромис кој ќе значи газење на стандардите и европски принципи и компромис за носење полош закон од постојниот не е нешто што ќе биде добро прифатено од Европската унија, рече Дескоска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод стапување во сила на Законот за бесплатна правна помош.

Премиерот Заев пред неколку дена во Њујорк изјави дека очекува власта и опозицијата да ги усогласат своите ставови и да го усвојат законот за јавно обвинителство пред средбата на Европскиот совет, и оти е подготвен за нова средба со Мицкоски за да се затвори ова прашање.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија и на листата на “непријателски земји“ на Белорусија

Редакција

Пендаровски го прими известувањето за оставката на Заев

Редакција

Арта Точи од Алијансата на Албанците нова пратеничка на местото на Мемеди

Редакција