еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема присилна вакцинација, истите мерки се имплементираат во регионот и светот, велат од Министерство за здравство

Министерството за здравство реагира на соопштението на Конфедерацијата на синдикати во кое се тврди дека мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести се „присилна вакцинација“.

„Вработените кои ги опфаќаат новите мерки имаат избор да приложуваат и негативен тест еднаш неделно доколку одлучат да не се вакцинираат, а сите оние кои имаат здравствени проблеми заради кои не може да се вакцинираат тоа не се присилени да го направат.

Истите мерки кои ги предлагаме се веќе воведени во многу земји во Европа и регионот, како на пример во Словенија, Хрватска и Грција каде одамна се на сила. Во услови кога се заканува нов силен ковид бран, должност на министерството и Комисијата е да предлагаат соодветни мерки кои со сигурност ќе дадат резултати како за намалување на ширењето на вирусот, така и за подигање на процентот на имунизирано население.

Протести или други форми на изразување на незадоволство против мерките се демократско право, но исто така спротивно на здравствените препораки кои доаѓаат од светските здравствени институции.

Апелираме на одговорност на сите граѓани и чинители во општеството со цел заеднички да ги надминеме сите предизвици со пандемијата која за жал, се уште коси во светот.

Бараме поддршка за мерките кои се во интерес на јавното здравје и заштита на здравствениот систем кој трпи огромен притисок пред се од лица кои не се вакцинирани, а имаат потреба од болничко лекување,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неприфатливо е да се наруши слободниот избор на работниците за имунизација, велат од Конфедерацијата на синдикални организации

Задолжителната вакцинација и во приватниот сектор, бара Стопанската комора

Вакцинацијата мора да биде лична определба на работниците, велат од Сојузот на синдикати на Македонија

Задолжителна вакцинација за здравствените работници, а за администрацијата вакцина, ПЦР тест или потврда за прележан ковид, предлага Комисијата за заразни болести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре се укинуваат квотите: Блиски лица на изнемоштените ќе може да подигаат лекови во нивно име

Редакција

Kомисијата препорача да му се одземе имунитетот на пратеникот Груевски, конечната одлука на пленарна седница

Редакција

Пронајдено телото на 27-годишен работник од Кавадарци кој беше пријавен за исчезнат

Редакција