еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Немало да има ново вето, ако има уставни измени, уверува холандскиот амбасадор

Холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) уверува оти менувањето на Преамбулата на македонскиот Устав е гаранција за почеток на новата фаза од преговарачкиот процес на Македонија со ЕУ и дека немало да има ново вето.

-Ако Преамбулата на Уставот се смени, тогаш втората фаза од преговорите е автоматска и не може да има вето таму. Исто така тоа не е толку многу важно. Земјата треба да ги заврши реформите. И тоа е единствениот начин да се влезе во Унијата.

А скриниг процесот ќе даде јасно до знаење какви треба да се реформите и на крајот тоа е многу поважно од позицијата на Бугарија. Но, се согласувам со вас дека има преголемо внимание за ова прашање. Еве и вие веќе ми поставивте три прашања поврзани со оваа тема кога зборуваме за иднината на вашата земја.

Но, дозволете ми да ве потсетам дека ова е билатерална обврска меѓу Северна Македонија и Бугарија. Тоа е договор меѓу двете земји. Холандија не е дел од тој договор и како такви немаме интерес за тоа.

Но, постои можност ова да стане еден вид оправдување за да не се завршат реформите, тоа го одвлекува вниманието за да не се завршат работите кои се навистина важни, а Бугарија ја сметаме за помалку важно, билатерално прашање поврзано со евроинтеграциите, вели тој.

Коп во неделното интервју за РСЕ, жестоко ги критикува и состојбите во судството и борбата против корупцијата. Зборува и за политички влијанија во сите сфери од правосудниот систем, за лошите резултати во спроведување на реформите, за злоупотребата на европското знаме и последиците за македонските евроинтеграции.

Целото интервју ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/холандска Амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Кина ја покажа застрашувачката воена моќ на најголема воена парада досега

Редакција

Минатата недела намалување од 22,7% на бројот на случаи со Ковид-19

Редакција

Ќе влијаат ли случувањата со ИВЗ на цензусот во вториот круг од претседателските избори?

Редакција