За впишувањето на националноста во личните карти, што е предлог доставен во Собранието од Беса, нема никакво предупредување заради тоа што се работи за идентитетски прашања како на Македонците, така и на Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање дали имало предупредување од странски дипломат.
– Немам јас такво предупредување, нуту каков било разговор за каков и да било аларм или предупредување дека некој би реагирал. Имаше состанок со амбасадорот на Грција, добија повратна информација.
Ние по нашите дипломатски патишта тоа сме го провериле уште во времето кога тоа беше ветено во 2019 година, во почетокот на годината, кога се гласаа уставните промени согласно Преспанскиот договор.
Така што нема никакво предупредување заради тоа што се работи за идентитетски прашања, како на Македонците, така и на Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други, рече Заев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев: Етничката припадност во личните карти не е спротивна на Преспанскиот договор
МИА/Фото: Влада