СДСМ утре бира заменик претседател на партијата, членови на Централниот одбор на СДСМ, членови на Надзорниот одбор, а после тоа следуваат состаноците на кои ќе се бираат потпретседателите на партијата, генералниот секретар, секретар за меѓународна соработка, Извршниот одбор на партијата, односно управното раководство, рече денеска премиерот Зоран Заев.
Тој посочи дека влегуваат во нов конгрес со нови политики. Премиерот и лидер на СДСМ денеска на прес-конференцијата во одговор на прашање околу наводните шпекулации за избор на новото раководство на партијата рече дека се што излегува во јавноста се најверојатно дискусии кои се водат во рамки на на органите и телата на партијата.
Додаде дека утрешниот ден го почнуваат со Извршен и Централен одбор, каде што ќе се оформуваат предлозите и, како што посочи, веројатно ништо нема да се знае се до утре околу 10, 11 часот кога ќе почнат првите состаноци.
„Не би можел ништо да кажам заради тоа што нема оформено предлози, односно секој може да има свои идеи во главата, почнувајќи од мене како прв меѓу еднаквите во СДСМ, и овластен предлагач согласно статусот на Социјалдемократскиот сојуз, но сето тоа е безвредно ако органите и телата како овластени предлагачи не го предложат пред самиот конгрес.
Партијата е отворена за нови луѓе, за нови шасни да напредуваат во своја кариера, но по пат на дискусија на Извршниот одбор и Централниот одбор, и на крајот во конгресот ќе се донесат сите одлуки,“ додаде Заев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не сум од оние кои припаѓаат на некоја партија само како функционери, вели Шекеринска
МИА/Фото: СДСМ