еМагазин
Image default
Бизнис

Неоснована е секоја поплака за еколошкaта такса од 3,5 денари, смета Заев

И со дополнителната еколошка такса од 3,5 денари која ќе се влева исклучиво во буџетот, нафтата ќе биде најевтина. Секоја поплака на ова поле не држи вода, само покажува решителност на Владата да чекори во правец на зелената агенда.

Ова денеска го порача премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за изградба на фотоелектраната во Осломеј.

Тој е дециден дека еколошката такса од 3,5 денари за нафтата и нафтените деривати што ќе се воведе од 1 јули 2021 година, нема да предизвика инфлација.

„Политиките ги димензионираме соодветно, така што 3,5-те денари нема да предизвикаат акцелерација на покачувањето на цените. Ги гледате проекциите, од 1,5 до два отсто е корекцијата на инфлацијата, тоа е навистина незначително, а растот на четири отсто на просечната плата и на осум проценти на минималната плата ќе создава поголем економски стандард и помали трошоци на живеење, рече Заев.

Тој потсети дека еколошките такси веќе постојат за голем дел од индустриските капацитети.

„Еден дел се во ригорозните мерки вградени пеку законите за екологија кои се во Собранието и се надевам брзо ќе се донесат. Со нашето пристапување кон ЕУ и обврските од Парискиот договор, 2024 и 2025 година ЕСМ преку РЕК Битола и РЕК Осломеј ќе плаќа еколошки такси, како што и веќе се навестува подготовка на законски решенија за еколошки такси за корисниците на нафта и нафтените деривати.

Убеден сум дека со првиот чекор за еколошка такса од 3,5 денари за нафтата и нафтените деривати покажуваме решителност помалку да користиме загадувачи, а повеќе еколошки превозни средства, велоспиеди, електрични тротинети, пешачење, електрични возила, хибриди. Тоа е иднината на светот, на Европа и на Македонија,“ додаде Заев.

За транспортерите, пак, кои реагираат, порача дека Владата донесе одлука за помош на меѓународниот транспорт и веќе е даден налог средствата да се исплатат пред се во патничкиот сообраќај како најпогоден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има еколошка такса за нафтените деривати од 3,5 денари и намалување на ДДВ-то за струјата

Бран на поскапувања ќе донесе еколошката такса за горивата

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемен бројот на туристи во Македонија

Редакција

Жито лукс со добивка од 149 илјади денари во првиот квартал

Редакција

Компаниите ќе можат да го пролонгираат одржувањето на годишно собрание на акционери

Редакција