Јавно обвинителство информира дека непочитувањето на полицискиот час кој ќе започне од вечерва од 21 часот до 6 часот наутро значи извршување на кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.
„Имено, за ова кривично дело се одговара кога за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не се постапува според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување.
За ставот 1, за кој е пропишана одговорност на физичко лице, предвидена е парична казна или затвор до една година, а во ставот 2, ако делото го стори правно лице, пропишана е парична казна до 30 милиони денари,“ информираат од Обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седете дома за да им олесниме: 23.000 здравствени работници се грижат за два милиони народ
Воведен полициски час од 21 часот до 6 наутро: Кој ќе може да се движи и каде