еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Неправедно е што Македонија мора да трпи одлагања, изјави унгарската претседателка Новак

Членството на Македонија во ЕУ сметаме дека има важна и клучна улога за стабилноста на регионот на Западен Балкан и стабилност на цела Европа, порача денеска претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која престојува во официјална посета на нашата земја.

Унгарската претседателка Новак на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски изрази надеж дека Унгарија ќе може да помогне за забрзување на процесот на зачленување во ЕУ.

Новак, освен за членство на Македонија во ЕУ, зборуваше и за војната во Унгарија, борбата против илегалната миграција за што посочи дека 30 унгарски полицајци вршат служба на македонско-грчката граница, прашањето на демографијата и размена на искуства што Унгарија прави за поддршка на семејствата, како и за размена на културни вредности.

– Сметаме дека е баш неправедно што Северна Македонија мора да трпи одлагања и свесни сме дека доколку овој процес не може да продолжи онака како што треба, ќе се јави песимизмот во однос на зачленувањето, истакна Новак.

Ние, нагласи Новак, ја осудуваме агресијата на Русија во Украина и стоиме на неповредливост на суверенитетот.

– Војната донесе многу проблеми и затоа би сакале што побрзо прекин на огнот и да се најде модел на мир и на тој начин долгорочно да се обезбеди безбедност на Европа, изјави Новак.

Меѓусебната билатералната соработка, Новак оцени дека во последно време добро напредува и изрази надеж дека нејзината посета ќе придонесе за билатералните односи да се развиваат во таа насока.

Претседателот Пендаровски, пак, порача дека по 20 години ова е прва официјална посета на унгарски претседател на нашата земја.

– Унгарија е една од најгласните и најактивните членки на ЕУ во поддршката на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан и земја која одигра значајна улога во одлуката за почеток на пристапните преговори за Северна Македонија, порача Пендаровски.

На средбата, Пендаровски, посочи дека добил уверување дека поддршката ќе продолжи и оти Унгарија проширувањето го смета за една од најстратешките политики на ЕУ, со политичка и советодавна поддршка ќе продолжи да ги промовира македонските интеграции.

– Со Унгарија имаме динамична економска соработка, која е во нагорен тренд. Унгарија е меѓу десетте наши најголеми трговски партнери, со трговска размена во минатата година од речиси половина милијарда евра и континуиран тренд на суфицит на македонска страна, истакна Пендароски.

Во рамките на посетата, како што е најавено, Новак и Пендаровски во црквата „Св. Спас“ во Скопје ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како Пендаровски ја пречека унгарската колешка Новак

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зборот Македонија со промена на Уставот останува само во член 36: Што пишува во него?

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.843 болни од Ковид-19

Редакција

Од корона вирусот почина 56-годишен пациент од Прилеп, вкупната бројка до сега 111

Редакција