еМагазин
Image default
Локално

Неверојатен случај во Куманово: Тројца лихвари му зеле „камата“ од над 15.000 евра

СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Д.А.(42), А.М.(36) и А.Л.(62), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“, казниво по член 260 став 1 и став 2 од Кривичниот законик, информира МВР.

Во ноември 2014 година М.А. од А.М. побарал на заем 1,500 евра, но А.М. го условил да му плаќа месечна камата во висина од 10% од дадениот износ на заем или 150 евра месечно на име камата, а главниот долг останувал за што склучиле усмен договор. Од ноември 2014 до јули 2018 година М.А. на А.М. редовно му исплаќал по 150 евра или за вкупно 43 месеци му исплатил вкупно 6500 евра, односно второпријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 5000 евра.

Бидејќи земените пари од А.М. не му стигнале за плаќање на сопствено лекување и за издржување на семејството, М.А. на 05.12.2014 година и од Д.А побарал заем од 2.500 евра.

Но, Д.А., исто така, побарал месечна камата од 10% од вкупната сума или 250 евра месечно, а главниот долг останувал. Тие склучиле договор кај нотар и навеле дека, доколку оштетениот М.А не му го врати долгот до предвидениот датум 01.02.2015 година, Д.А. да може да спроведе извршна постапка врз целиот движен и недвижен имот на оштетениот. Од декември 2014 до јули 2018 година оштетениот на Д.А. му исплатил вкупно 10.750 евра на име на месечна камата, со што Д.А. се стекнал со противправна имотна корист од 8.250 евра.

Исто така, М.А. за да може да ги плаќа каматите на А.М. и Д.А., повторно на 22.08.2016 побарал заем во износ од 140.000 денари од А.Л.. Но, и тој го условил да му плаќа меечна камата од 10% од земениот износ или 14.000 денари месечно и за заемот да склучат Договор за заем пред Нотар.

Тие склучиле договор и од септември 2016 година до Јули 2018 година М.А. континуирано му плаќал месечен износ на А.Л. од 14.000 денари или вкупно 308.000,оо денари, со  што  тој се стекнал со противправна имотна корист од 168.000 денари.

Имено, од наведените дејствија, пријавените го оштетиле М.А. за вкупна сума од 13.250 евра и 168.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жители на Слупчане уништија трафостаници и оставија без струја шест села

Редакција

Скопјанец останал без автомобилот откако го оставил со вклучен мотор

Редакција

Полициски командир потпомогнат од вработени на ФОН „завршил“ високо образование

Редакција