Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги повика лидерите на ЕУ – учесниците на вонредниот состанок на Европскиот совет да застанат рамо до рамо со Украина и да ја сопрат војната што се случува.
Според Зеленски „судбината на Европа се одлучува во Украина, ако Путин сега не добие пристојна пензија, ќе оди понатаму,“ напиша Зеленски на неговиот Фејсбук-профил.
Тој препорача „веднаш да се усвојат силни економски и финансиски санкции против агресорот, да му се ускрати од неговите средства за да продолжи со агресијата, Русија да се тргне од финансискиот систем SWIFT, да се наметне ембарго на трговијата со нафта.“
„Нашиот народ гине за слобода на Украина и Европа. Долго време чекавме на отворена врата. Прашавме за членство во НАТО – одговорите не ги слушнавме.
Сега ни требаат меѓународни правни гаранции за безбедност, јасна европска перспектива, брзи и конкретни акции,“ напиша Зеленски.
Тој информираше дека според прелиминарните податоци, најмалку 137 украински војници биле убиени од почетокот на руската инвазија, а 316 војници се ранети.
„Кој е подготвен да го гарантира пристапот на Украина во НАТО? Искрено, сите се плашат. Ги прашав сите партнери на државата дали се со нас. Тие се со нас, но не се подготвени да не воведат во сојуз со нив. Без разлика колку разговори имав со странски лидери, слушнав неколку работи.
Првата е дека сме поддржани. Благодарен сум на секоја држава што ни помага конкретно, не само со зборови. Но, има и второ – ние сме оставени сами да ја браниме нашата држава. Кој е подготвен да се бори со нас? Искрено – не гледам.
Денеска ги прашав 27-те лидери на ЕУ дали Украина ќе биде во НАТО, прашав директно. Сите се плашат, не одговараат. И ние не се плашиме, не се плашиме од ништо“, изјави Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Може ли руско-украинската војна да се прелее и на Балканот?
Фото: Фејсбук/Зеленски