„Никаде на Балканот не сум видел ваква егзотика, ваква недопрена природа. Навистина можете да доживеете глетки од Национална географија. Еден потполно нов животински и растителен свет за кој на некој начин не сме знаеле дека постои.“
На ваков начин, светскиот туристички блогер Роберт Дацешин, кој по потекло е од Босна и Херцеговина го опишува Голем град.
„Дали сте слушнале за Голем град? Остров на Преспанското езеро познат и како Остров на змиите, се наоѓа во Македонија, на неколку километри од Грција и Албанија.
Покрај големата концентрација на змии, првенствено поскок, островот е богат и со редок животински и растителен свет, а крие и некои историски значајни археолошки остатоци и претставува вистинска ризница за истражувачите, биолозите и авантуристите,“ вели Дацешин во описот на видеото, кое воедно е четврто и последно за Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Охрид-таму каде што е душата на македонскиот народ, вели светски туристичкиот блогер Дацешин
Скопје-најнеобичниот град на Балканот, вели во новото видео светскиот туристички блогер Дацешин
Фото: Инстаграм/Дацешин