еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Николовски поднесе оставка од функцијата генерален секретар на СДСМ

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска поднесе писмена оставка од функцијата генерален секретар на СДСМ.

Тој изрази посебна благодарност до поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев и до сите членови на партијата.

-Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. По 18 години, СДСМ и коалицијата победија на парламентарни избори минатата година.

На претседателот Ковачевски и новото раководство им посакувам многу мудрост, единство, ангажман и чување на вредностите. Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски, стои меѓу другото во писмената оставка на Николовски доставена до СДСМ.

Претходно и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се повлече од функцијата потпретседател на партијата, најавувајќи дека нема намера да биде дел од новото раководство.

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница треба да ги донесе финалните одлуки за тоа како ќе изгледа новото раководство на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите потпретседатели на СДСМ

Оливер Спасовски поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втора жртва со коронавирусот во Тиквешко, почина 56 – годишно лице од Неготино

Редакција

Судење за насилството во Собранието: Снимка од Кољо во фантомка излегува од кабинетот на Вељаноски и ја насочува толпата во прес-центарот

Редакција

Маријана Илиевска избрана за нова членка на Советот на јавни обвинители

Редакција