еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка добитник на наградата за висока даночна култура во 2020 година

На одбележувањето на 29ти Ноември – Денот на даночните работници, НЛБ Банка се здоби со признание за висок степен на даночна култура во 2020 година од страна на Управата за јавни приходи. Целта на овој настан е да им се одаде признание на компаниите кои редовно и уредно ги сервисираат своите даночни обврски, што е од исклучителна важност за стабилноста и ликвидноста на државниот буџет.

Наградата и припадна на Банката сосема оправдано имајќи ги во предвид нејзините високи стандарди на работење како и одговорното применување, следење и почитување на даночните прописи и обврските кон државата и деловните партнери.

Денот на даночните работници кој секоја година се прославува на 29 ноември, поради условите кои ги наложи пандемијата предизвикана од вирусот Ковид -19, оваа година се одбележа целосно on-line. Овој ден се одбележува од 1997 година со цел да се даде внимание на даночните работници од Управата за јавни приходи, Царинската управа и други даночни служби во обезбедувањето финансиски средства за функционирање на државата.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се наградени филмови на Флипбук Филм Фестивал 2024

Редакција

Архимандрит Партениј ја прими наградата од Европскиот парламент во Брисел

Редакција

Професор од Кавадарци бесплатно нуди интернет математика во време на изолација поради коронавирусот

Редакција