еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ haPPy картичка за happy зима: 5% cashback за платена сметка за електрична енергија

Како општествено одговорна банка, во услови на енергетска криза и зголемени цени на електрична енергија, НЛБ Банка организира промотивна кампања за НЛБ haPPy картичките, информираат од таму.

Во рамките на оваа кампања, која е во тек и ќе трае до 31.03.2022 година, Банката на клиентите им овозможува 5% поврат на средства (cashback) за секоја сметка за електрична енергија платена со НЛБ haPPy картичка во промотивниот период.

Со НЛБ haPPy картичката, заштеда со секоја трансакција и во секое време

НЛБ haPPy e кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard која на клиентите им овозможува загарантиран поврат на средства (cashback) со секое купување во земјата и странство што овозможува заштеда со секоја трансакција и во секое време.

Со користењето на оваа картичка во рамки на партнерската мрежа, која брои преку 200 трговци и повеќе од 1.000 продажни локации, клиентите при секое купување можат да добијат поврат на средства во висина и до 10% од износот на трансакцијата, како и можност за плаќање на рати без камата.

Инаку, за отплата на доспеаните обврски корисниците на НЛБ haPPy кредитната картичка месечно уплатуваат минимум 5% од вкупните месечни трошоци или повеќе, согласно нивните можности, при што добиваат и бескаматен грејс период до 45 дена.

За добивање на НЛБ haPPy картичките може да се аплицира во сите експозитури на НЛБ Банка или во продажните салони на Нептун Македонија.

Повеќе информации на www.happycard.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ и Општина Центар со едукативни работилници против врсничкото насилство

Редакција

А1 Македонија е добитник на наградата Best Buy за најдобар сооднос на цена и квалитет за мобилен интернет

Редакција

Скопје добива два „легални ѕидови“ за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали

Редакција