еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нормализирана работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола

Работењето на системите во рудникот Суводол на РЕК Битола е нормализирано. По обилните врнежи од дожд кои во петокот и вчера го зафатија рудникот и предизвикаа поплава, ископот на јаглен и јаловина продолжува според планираната динамика, соошти АД Електрани на Северна Македонија – ЕЛЕМ.

Увид во нормализирањето на состојбите денеска направи генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

– Сакам да упатам голема благодарност до сите вработени во РЕК Битола, особено вработените во рудникот Суводол за пожртвуваноста што ја покажаа изминатите два дена и натчовечките напори што ги вложија за да не трпи производството на електрична енергија.

АД ЕСМ како секогаш, така и сега прави се што може за континуирано производство од нашиот најголемиот капацитет, порача Ковачевски.

АД ЕЛЕМ информира дека покрај проблемите во работата што ги предизвикаа обилните врнежи од дожд, системите со рудникот Суводол не прекинаа со работа ниту во петокот, ниту за време на викендот и дека таму продолжуваат планираните техничко-технолошки зафати за континуиран ископ на јаглен и јаловина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+Фото) Поплавен рудникот Суводол на РЕК Битола

Фото: ЕЛЕМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девојче од Скопје дало 25.000 евра на двајца соученици за да не го тепаат нејзиниот болен брат

Редакција

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

Редакција

Норвешка ѝ донираше на македонската армија 76 моторни возила

Редакција