еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нов фамилијарен кластер во Скопје, заразени и 4 деца, детали за новите случаи на заразени со корона вирусот

Во Македонија вчера беа регистрирани 21 нови случаи на заразени со корона вирусот.

“Тестирани се вкупно 258 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Од вкупниот број на тестирани, 13 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките (Велес, Куманово и Кочани) без регистрирани позитивни случаи.

Регистриран e 21 нов позитивен случај од 4 градови во државата.

Девет од регистрираните случаи во Скопје припаѓаат на фамилијарен кластер.

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапени се возрасните групи од 0-9, 30-39 и 50-59 години со по 4 лица.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 11 лица од женски и 10 од машки пол.

Регистрирани се 5 хоспитализирани лица.

Кај 4 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Од вкупниот број на нови регистрирани случаи само еден нема историја на контакт со потврден случај.

Не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин ја пренесува секојдневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем раст: 174 лица до 19 години во Македонија заразени со корона вирусот

9 бремени жени меѓу оздравените од корона вирусот во Македонија

Фамилијарни кластери во Скопје продолжуваат да го зголемуваат бројот на заразени со корона вирусот

Фото: Факултет за ветеринарна медицина/табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Слаб одзив, вториот круг неизвесен“: Што коментираат странските медиуми за претседателските избори

Редакција

Стојанче Ангелов: Скандирањето „УЧК” ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на помирувањето 

Редакција

Пет новозаболени во тетовско, бројот на активни случаи со Ковид-19 намален споредено со пред еден месец

Редакција