Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави листата на должници бр.10/2020 за долгови доспеани до 30.06.2020 и неплатени до 30.09.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На листата на должници бр.10/2020 објавени се 2004 должници – правни лица (повеќе за 15 од претходната листа) и 2310 физички лица (помалку за 171 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во листата бр.10/2020 изнесува 9.693.161.515 денари (157 милиони евра), што е повеќе за 306.409.223 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.670.177.454 денари (повеќе за 336.647.542 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 22.984.061 денари (помалку за 30.238.319 денари од претходната листа).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Звучни имиња на новата листа должници на УЈП
Топ пет најголеми должници кон УЈП: „ТЕ-ТО“ со долг од 11 милиони евра убедливо на врвот