Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-131, Куманово-24, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Охрид-1, Гостивар-2, Свети Николе-2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 3.538, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.687.
По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Кичево е од Скопје, еден е контролен, велат од Министерството.
Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна: Скопје 1.592, активни 960, Куманово 597, активни 179, Дебар 53, активни 2, Штип 227, активни 187, Прилеп 222, активни 27, Тетово 317, активни 147, Струга 111, активни 36, Велес 149, активни 29, Битола 30, активни 3, Охрид 46, активни 29, Кавадарци 6, активни 1, Гостивар 54, активни 31, Гевгелија 6, активни 2, Струмица 7, активни 4, Крива Паланка 7, активни 1, Радовиш 4, активни 0, Крушево 3, активни 0, Кочани 53, активни 22, Пробиштип 11, активни 9, Демир Хисар 1, активни 0, Македонски Брод 2, активни 0, Пехчево 3, активни 0, Берово 2, активни 1, Валандово 3, активни 2, Виница 3, активни 1, Делчево 1, активни 0, Кратово 3, активни 1, Свети Николе 5, активни 4, Кичево 3, активни 1, Ресен 1, активни 1, Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
“Направените 971 теста се преку: Институтот за јавно здравје –334 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –136, Биотек -121, Жан Митрев (Филип Втори) –120, Систина со PCR метода –93 и МАНУ -137.
Досега во земјата се направени вкупно 40.004 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починаа пет нови лица од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 169
Убава вест: Оздравеа уште 18 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега 1682
Секој ден се повеќе се пополнуваат болничките капацитети со болни од корона вирусот
Фото: Факултет за ветеринарна медицина