Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.379 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 205, Куманово – 39, Кочани – 23, Кавадарци – 17, Битола и Велес – по 15, Штип – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Струмица – 7, Тетово и Свети Николе – по 6, Кичево ,Гевгелија и Радовиш – по 5,Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 2, Неготино, Виница, Македонски Брод, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 191.820, а бројот на активни случаи изнесува 12.089.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 395 оздравени од Ковид-19
Од Ковид-19 за 24 часа починаа 12 лица, дополнително пријавени уште 3
Фото: МЗ