еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 52 случаи на заразени со корона вирусот, 26 се од Скопје

Во последните 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-26, Куманово-6, Штип-7, Тетово-9, Струга-2, Велес-1, Кочани-1, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 2.129, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487.

Последната дистрибуција по градови е: Скопје – 797, активни 240, Куманово – 448, активни 42, Дебар – 51, активни 0, Штип – 61, активни 26, Прилеп –211, активни 43, Тетово – 191, активни 69, Струга – 79, активни 11, Велес – 129, активни 30, Битола –28, активни 6, Охрид –23, активни 6, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –22, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 0, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 32, активни 1, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 3, активни 1, Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 0, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 0, Берово-1, активни 0, Свети Николе-1, активни 1.

“Вчерашниот нов позитивен случај евидентиран во Битола е жител на Кичево и соодветно е нотирано во денешниот извештај.

Направените 661 теста се преку: Институтот за јавно здравје –289, Авицена –39, Биотек -44, Филип Втори (Жан Митрев) –61, Систина со PCR метода -116  и МАНУ -112.

Досега во земјата се направени вкупно 27.684 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примен е 1 пациент, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. На кислородна поддршка се 17, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 11, а на домашно лекување се следат 11 пациенти.

На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп се хоспитализирани  30 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 30 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.516

Две лица позитивни на корона вирусот во градинки во Скопје и Куманово

Четворица новопочинати од корона вирусот, вкупно 126

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија станува сопственик на украинската нуклеарка Запорожје

Редакција

Во Финска слетал авион од Скопје со 24 патници позитивни на Ковид-19

Редакција

Кој сѐ ќе оди со Силјановска во Рим и Ватикан

Редакција