еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 521 случаи на Ковид-19, починати три лица, едното на 48-годишна возраст

Во изминатите 24 часа се направени 1.231 тестирање, а регистрирани се 521 случај на Ковид-19, од кои 120 се реинфекции.

Оздравени се 485 пациенти, а пријавени се три починати лица.

Во моментов активни се 3.595 случаи на Ковид-19 во земјава, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новозаболените, најголем број се во Скопје-201, од Битола – 36, Куманово – 28, Охрид – 27, Кавдарци – 23, Велес – 19, Кочани – 17, Штип и Гевгелија – по 13, Прилеп, Тетово и Струмица – по 12, Ресен – 11, Струга и Делчево – по 10, Неготино – 9, Гостивар – 8, Кичево и Радовиш – по 7, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Свети Николе и Виница – по 5, Дебар и Богданци – по 4, Валандово, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 485 оздравени пациенти од: Скопје – 187, Битола – 35, Тетово – 31, Куманово – 27, Кавадарци – 22, Гостивар – 20, Кочани и Прилеп – по 18, Кичево – 17, Велес, Штип и Струмица – по 16, Ресен – 10, Берово – 9, Неготино – 8, Гевгелија – 7, Охрид – 6, Делчево – 4, Демир Хисар – 3, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Пробиштип – по 2, Струга,Радовиш, Виница, Пехчево, Македонски Брод, Демир Капија и Крушево – по 1.

Во изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Скопје (78г) и Струга (48г). Двете лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Кичево (74г), починато во болнички услови. Лицето е пријавено за починато на 5 август 2022 година.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 336.560, бројот на оздравени пациенти е 323.536, на починати е 9.429.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Млади лица на возраст од 20 до 40 години најбројни меѓу новите 18 случаи со Ковид-19 во тетовско

Редакција

ПОА на Вранишковски повторно се обедини со Македонската православна црква

Редакција

Димитров: Колку подолго ќе трае пристапниот процес, толку повеќе време за етничкиот инжинеринг како нескриена амбиција на официјална Софија

Редакција