Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-2, Штип-14, Тетово-12, Струга-4, Велес-1, Гостивар – 3, Кочани – 1 и Валандово-1, информираат од Министерството за здравство
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 2.226, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.
Последната дистрибуција по градови е следната: Скопје – 841, активни 267, Куманово – 455, активни 45, Дебар – 51, активни 0, Штип – 76, активни 41, Прилеп –211, активни 41, Тетово – 210, активни 78, Струга – 84, активни 14, Велес – 130, активни 30, Битола –28, активни 3, Охрид –23, активни 6, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –26, активни 6, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 0, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 33, активни 2, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 3, активни 1, Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 0, Делчево-1, активни 0, Валандово -2, активни 1, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 0, Берово-1, активни 0, Свети Николе-1, активни 1.
“Направените 771 теста се преку: Институт за јавно здравје –447, ЦЈЗ Скопје- 15, Авицена –27, Биотек -92, Филип Втори (Жан Митрев) –6, Систина со PCR метода -70 и МАНУ -114.
Досега во земјата се направени вкупно 29.575 тестирања на Ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот.
Досега во рамките на скринингот се направени 3.723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на Ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 5 пациенти, хоспитализирани се вкупно 44 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти, 1 пациент е на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи уште 1 пациент.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 11 пациенти.
На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 28 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стружанец и Гостиварчанец починаа од корона вирусот
Фото: МЗ