еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 81 случаи со Ковид-19, оздравени 77 лица, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 734 тестови, а регистрирани се 81 нов случаи со Ковид-19 и 77 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице.

Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од 81 новозаболен од Скопје се 55, Битола – 6, Кавадарци – 4, Куманово – 3, Прилеп и Тетово – по 2, Велес, Струмица, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовош, Свети Николе, Виница и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 20 реинфекции.

Од 77 оздравени пациенти од Скопје се 54, Велес – 8, Куманово – 5, Кавадарци и Прилеп – по 2, Тетово, Штип, Гевгелија, Неготино, Кратово и Кичево – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 342.961, бројот на оздравени пациенти е 332.932, на починати е 9.534, а на активни случаи изнесува 495.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмалку десет лица починаа во пожарот кој ја пеплоса модуларната болница во Тетово

Редакција

Сите детали за еволуцијата на коронавирусите и како да се заштитиме од нив

Редакција

„Синерџи медикал“ го доби тендерот на Клиниката за трауматологија за набавка на остеосинтетски материјал вреден 1,7 милиони евра

Редакција