еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 884 случаи со Ковид-19, оздравени 745 болни, четворица починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.866 тестови, а регистрирани се нови 884 случаи со Ковид-19, едно починато лице во болнички услови од Скопје (77г.) и 745 оздравени пациенти. Активни се 5.026 случаи.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 190 реинфекции. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирани се четири починати лица, по едно од Струмица, Штип, Кочани и Гостивар.

Од пријавените лица, три се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.06 до 25.07.2022 година, соопшти Министерството за здравство.

Од 884 новозаболени, во Скопје се 359, Битола – 65, Куманово и Прилеп – по 46, Кавадарци – 44, Велес – 41, Охрид – 37, Тетово – 35, Струмица – 26, Штип – 25, Гостивар – 21, Струга – 20, Радовиш – 17, Кичево – 14, Неготино – 13, Гевгелија – 11, Ресен – 10, Дебар – 9, Кочани – 8, Крива Паланка – 7, Крушево – 6, Кратово – 5, Валандово – 4, Берово и Демир Хисар – по 3, Виница, Богданци, Македонски Брод и Дојран – по 2, Пехчево – 1.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 326.154, бројот на оздравени пациенти е 311.760, на починати е 9.368.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „збесна“ по говорот на Иванов: „Ееее СДСМ, дојде ред Хорхе да брише под со вас“

Редакција

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече Декларацијата за Гоце Делчев, била дневно-политички театар

Редакција

Почина филмскиот продуцент Горјан Тозија

Редакција