еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нови директори во „Водовод и канализација“, МКЦ и Зоолошка градина

По завршување на мандатот за кој беа назначени в.д. директорите на ЈП „Водовод и Канализација“, Младински културен центар (МКЦ) и Зоолошката градина, Град Скопје назначи нови директори, информираат од таму.

Од Градот информираат дека за нов директор на ЈП „Водовод и Канализација“ е назначен Драган Илиевски, кој е машински инженер со повеќе од 20 години работно искуство, додека досегашниот директор Марјанчо Митовски, кој на позицијата беше назначен од редот на вработените продолжува со ангажман како секторски директор на претпријатието.

Нов директор на Зоолошката градина е Зоран Попов, кој доаѓа од редот на вработените и е економист исто така со 20 години работно искуство, а во МКЦ ќе биде назначен нов директор по евалуацијата на биографиите за позицијата.

Косана Мазнева е назначена со нов мандат и продолжува да ја извршува функцијата директор на јавното претпријатие Комунална хигиена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Компаниите што ја злоупотребиле државната помош немаат право да аплицираат за антикризните мерки

Редакција

(ВИДЕО) Заврши драмата: Остатоците од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Редакција

Максимовска – Поповиќ, член на УО на Комерцијална купи 100 акции на банката

Редакција