еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нова провокација од бугарскиот претседател, Македонија ќе станала демократска држава кога ќе ги впишала „сонародниците“ на Гоце Делчев

Нови провокации од бугарскиот претседател, Румен Радев, конј смета дека оти Македонија не е демократска држава, оти не ги впишувала во Уставот, Бугарите или како што тој ги нарекува „сонародниците“ на Гоце Делчев.

„Раководството на РСМ може да претендира дека гради модерно мултиетничко општество, кога ќе смогне сили да ги запише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав“, вели тој во изјава за бугарската агенција БГНЕС, посочувајќи дека раководството на Македонија треба да ја убеди не Бугарија, туку соопствените граѓани дека гради демократско држава во која не се пука во бугарските клубови, тие не се палат, а Бугарите во оваа земја не се подложени на систематска репресија, физичко насилство и диригирани судски процеси.

Тој истакнува дека составен дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ е и протоколот потпишан меѓу Скопје и Софија, во рамките на кој, тој не гледа напредок.

„Таму нема напредок. Затоа разговарам со европските лидери и институции дека треба да има движење според овој протокол, бидејќи таму се учебниците, таму е говорот на омраза, таму се медиумите, таму е отворањето на архивите и извинувањето за етничката репресија на Бугарите низ годините. Има и други важни работи, како што е зачувувањето на нашето културно наследство“, вели тој.

Подвлекува дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјава е задолжителен услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ, а овој услов е вклучен и во преговарачката рамка на т.н. француски предлог.

Според него сеењето омраза кон Бугарите е процес кој траел со децении.

„Ова е цела доктрина заснована на антибугарска идеологија и јасно потребно e време додека РСМ не застане меѓу демократските земји и ние треба да помагаме во овој процес“, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот, му одговори Ковачевски на бугарскиот претседател

Фото: Фејсбук/Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради здравствени причини Валентина Божиновска нема да го советува Османи

Редакција

Емилија Трајковска е новата пратеничка во македонското Собрание

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 48 пациенти, а вкупно се лекуваaт 668

Редакција