еМагазин
Image default
Македонија

Нови рочишта за „Титаник“, „Тенк“ и „Насилство во Центар“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“ и раздвоените постапки за „Тенк“ и „Насилство во општина Центар“.

На минатото рочиште за „Титаник“ во кое се обвинети повеќе поранешни функционери за изборите во 2013 година беа преслушани 122 „бомби“.

За овој предмет досега во судот преслушани се вкупно 243 „бомби“, додека за случајот СЈО има предложено 1.063 „бомби“, 191 сведок и 5.910 материјални докази.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Во Кривичниот суд треба да продолжи судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во раздвоената постапка за случајот „Тенк“ на СЈО.

На претходните рочишта беа сослушани сведоци, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.

Сведоците сослушани на досегашните рочишта во раздвоената постапка во случајот „Тенк“, се сослушани и во случајот кој веќе заврши со обвинителна пресуда од две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото и шест години и шест месеци затвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Во Судот денеска треба да се одржи рочиште и за раздвоената постапка во предметот „Насилство во Центар“ за седмообвинетиот Димче Крстев.

Покрај него во овој предмет обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште осум други лица.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

МИА/Фото: Кривичен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе имаат само една заедничка активност: Пендаровски и Радев денеска заедно ќе патуваат за Рим

Редакција

Досега само шест приговори за референдумот до ДИК

Редакција

Москва: Донацијата на тенкови од Скопје за Киев е голема грешка

Редакција