еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови шест починати од Ковид-19 во Тетово, 104 пациенти се на кислородна поддршка

Шест пациенти починаа во ковид-центарот изминатите 24 часа, информираат денеска од Клиничка болница Тетово.

Најмладиот пациент имал 55, а најстариот 85 години.

-Имаме нови 16 пациенти примени на болничко лекување, а 10 исписи. Вкупно се хоспитализирани 105 лица од кои 104 се на кислородна поддршка, изјави  координаторот во ковид-центарот, Гзим Нуредини.

Во текот на 24-те часа до седум часот утринава имало 185 прегледи и контроли на луѓе со симптоми на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела 199 лица починале од Ковид-19, најмногу од Скопје и Тетово

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Како ќе се пресметува новиот данок за моторни возила?

Редакција

Каков имот пријавил Сашо Василевски, директорот на МЕПСО, кој Заев предлага да биде сменет

Редакција

Генералниот секретар на ОН, Гутереш: Светот „гледа в око на ураган од петта категорија“

Редакција