Откако вчера беше регистриран еден оздравен пациент од Ковид-19, во Берово денеска, по пауза од една недела, регистрирани се три нови случаи на коронавирусот.
Од беровскиот здравствен дом апелираат на смиреност меѓу населението и почитување на мерките во насока на заштита од понатамошно ширење на вирусот.
„Ова е уште еден доказ дека вирусот не исчезнал, туку напротив е тука и мора да се внимава на почитување на мерките за негова заштита. Сведоци сме дека во екот на туристичката сезона има зголемена фреквентност во градот што е причина плус повеќе да се внимава на личната заштита“, информираа од беровскиот здравствен дом.
Заради новата ситуација со вирусот во Берово закажана е нова средба на кризниот штаб, на кој ќе бидат дефинирани нови насоки за понатамошно делување во случај на ескалирање на ситуацијата.
„Во таа насока ќе продолжиме со дополнителни мерки на заштита, меѓу кои и вонредна дезинфекција на улиците, како и други мерки кои ќе придонесат за да не се шири вирусот“, додадоа надлежните.
Во Берово во моментот има четири активни случаи на коронавирусот. Во соседната општина Пехчево веќе еден месец нови случаи на Ковид-19 не се забележани.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Болниците се полнат со заразени од корона вирусот
Убава вест: Оздравени 90 лица кои боледувале од корона вирусот
Починаа уште три лица од корона вирусот, вкупно 500