еМагазин
Image default
Македонија

Новинарите ги осудија заканите до медиумите на Османи за скандалот со пензиите

Здружението на новинарите на Македонија смета дека јавните функционери, особено министрите, треба да се воздржат од изјави кои што на било кој начин може да се сфатат како закани или како етикетирање на медиумите. Приниципиелно, таков начин на комуникација не може да влијае на професионализацијата на медиумите.

„Вицепремиерот Бујар Османи говорејќи за скандалот во ПИОМ се закани со тужби до сите медиуми кои овој скандал го поврзуваат со функционери на ДУИ. Напоменуваме дека работа на медиумите е да истражуваат и изразуваат сомневања за сите функционери, без разлика од која партија доаѓаат, а владините претставници, во случајов вицепремиерот кој е задолжен за евроинтеграциите, треба да се воздржат од закани со тужби во духот на слободниот говор за кој декларативно се залагаат.

Евентуалните недоразбирања треба да се решаваат по пат на транспарентност и отвореност, а не со закани за тужење“, велат од ЗНМ.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ ќе ги тужат сите политичари, политички партии и медиуми, ако за 24 часа не се извинат за „лажните вести“ за ПИОМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бесим Красниќи екстрадиран во Македонија, спроведен е во Идризово

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ за „црната листа“ на Бајден: Ние ја почитуваме и ќе ја почитуваме волјата на граѓаните

Редакција

(ВИДЕО) Иванов дозволи новинарски прашања: На 27. април бил дома, неговите советници на шест месеци подлежат на полиграф

Редакција