Народната банка на Република Македонија на 27 и 28 декември ќе изврши продажба на возила по пат на јавна наддавање.
На 27 декември на продажба ќе се понуди патничко моторно возило „Ауди“ од 2007 година со работна зафатнина на моторот од 3.123 кубици и сила од 188 киловати. Возилото се нуди по почетна цена од 348.657 денари или околу 5.669 евра.
На јавното наддавање закажано за 28 декември на продажба ќе се понуди патничко моторно возило „Цитроен Ц4“ од 2008 година со работна зафатнина на моторот од 1.356 кубици и сила на моторот од 65 киловати.
Возилото се нуди по почетна цена од 123.912 денари или околу 2.014 евра.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.