еМагазин
Image default
Македонија

Новзаразени на возраст од 8 до 82 години: 28 нови случаи на Ковид-19 во Кавадарци, 17 во Неготино

Ученик од трето одделение во неготинско училиште е позитивен на коронавирусот. Поради тоа, во изолација се 18 соученици и двајца наставници.

Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Тој додаде дека во изминатите 24 часа евидентирани се 28 случаи позитивни на Ковид-19 во Кавадарци, три во Росоман, 17 во Неготино.

– Новозаболените се на возраст од осум до 82 години. Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат, нагласи Јовановски.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За неносење маска 385 казни

Редакција

Владата го назначи Агрон Речи за нов Државен правобранител

Редакција

Нови 182 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје 107

Редакција