Бугарската изборна комисија ги објави конечните резултати од неодамнешните парламентарни избори според кои партијата ГЕРБ – УДФ на Бојко Борисов во парламентот ќе ја претставуваат 75 пратеници, а партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов ќе има 51 пратеник.
Потоа следуваат пратиите „БСП за Бугарија“ со 43, ДПС со 30, „Демократска Бугарија“ со 27 и „Стани! Излези!“ со 14 пратеници.
Од пратеничкиот мандат се откажале 14 канидати, а меѓу нив е и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.
Веќе е познато дека ВМРО-БНД на досегашниот вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов не освои места во новиот парламентарен состав.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По изборите во Бугарија Брисел се надева што поскоро да започнат преговорите со Македонија
Ќе биде ли нов премиер на Бугарија, шоуменот и музичар Слави Трифонов?
Тешко ќе се формира нова Влада во Бугарија, клучен „играч“ шоуменот Слави Трифонов