Генералното собрание на Обединети нации (ОН) синоќа со мнозинство гласови усвои резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Појасот Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Македонија била воздржана за резолуцијата на ОН за итно примирје во Газа
За Израел резолуцијата на ОН е „одвратна“, Палестина и Хамас ја поздравија
Во резолуцијата, на предлог на Јордан во име на арапските држави, се осудуваат сите акти на насилство против палестинските и израелските цивили, како и терористичките и неселективни напади.
Исто така се повикува на непречена помош и заштита на цивилите.
Резолуцијата е усвоена со 120 гласа „за“, „против“ 14 и 45 „воздржани“.
Одлуките на Генералното собрание не се правно обврзувачки, но имаат морална тежина поради универзалноста на членството.
Претходно и Белата куќа соопшти дека САД поддржуваат паузи во непријателствата помеѓу Израел и Хамас за да се дозволи достава на помошта во Газа.
– Ние би поддржале хуманитарни паузи за влегување, како и за излегување на луѓето, и дотур на гориво и враќање на електричната енергија, истакна портпаролот на американскиот Советот за национална безбедност, Џон Кирби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Израел ја срамнува Газа со земја, сателитски снимки
Што е геноцид за што се обвинува Израел во Газа
МИА/Фото: Унсплеш