еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Времето денеска облачно со повремени локални врнежи, претежно од снег

Со -5 степени Маврови Анови изутринава е со најниска температура во државава, по што следат со  -4 Попова Шапка, -2 Крушево и со -1 Куманово и Дебар.

Нула степени се регистрирани во Битола, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Виница и Демир Капија, еден во Струмица, Охрид и Претор, два во Крива Паланка и Берово, три во Гевгелија и Дојран.

Најмногу снег има во Крушево, каде снежната покривка е 16 сантиметри, во Пожарене 15, 12 во Ѓуриште, седум во Скопје-Зајчев рид, пет Скопје – Петровец, четири Битола, три Дебар, два Тополчани, а еден сантиметар снег има во Куманово.

Во изминатите 24 часа заклучно со седум часот изутрина најмногу воден талог е наврнат во Демир Капија, 38 литри на метар квадратен, по што следат Попова Шапка со 28, Битола, Крушево и Гевгелија со 26, Крушево со 25, Маврово, Струмица и Скопје-Петровец, со 18…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утринава во Прилепско има удари од северен ветер и до 40 километри на час. Во 7 часот снег е забележан само на Пожаране, над Полошката котлина.

За денеска УХМР најавува претежно облачно време со повремени локални врнежи, претежно од снег.

На југоистокот врнежите од повремен дожд ќе преминуваат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 6 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно особено попладне со повремен снег. Ќе биде ветровито со повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само 1.000 граѓани се пријавиле на сајтот за ревакцинација, кои првата доза ја примиле во други држави

Редакција

(Галерија) Хилтон и официјално влегува во Македонија: Наскоро се отвара хотелот Double Tree by Hilton

Редакција

Извршителите нема повеќе да ги ставаат граѓаните во должничко ропство: Усвоени законските измени за облигациските односи и извршување

Редакција