еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинение за мајка и ќерка од Струмица кои не ги почитувале мерките за изолација: Се расправале со полицијата

Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе обвинителен предлог против мајка и ќерка од Струмица на возраст од  56 и 35 години, поради основано сомнение дека сториле кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, информираат од таму.

„Обвинетите вo Струмица на 27 и 28 февруари во повеќе наврати за време на епидемија на опасната заразна болест коронавирус –  COVID-19, не постапиле според посебните мерки за заштита на населението од заразни болести и определените мерки за сузбивање и спречување на заразна болест, како и донесените Решенија на Државниот санитарен и здравствен инспекторат со кои обвинетите се ставаат под здравствен надзор.

Мерките им биле определени, бидејќи имале престој во Пјаченца, Италија“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

На 27 и 28 февруари годинава, обвинетите во одделни случаи се симнале од станот во кои се спроведувале мерките за изолација пред станбениот објект, каде биле пресретнати од полициски службеници и предупредени да се вратат во живеалиштето и да ги почитуваат мерките.

Обвинетите со вербална расправија се спротивставиле на службените лица, а предупредувањата не ги почитувале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ќе значи вонредната состојба ќе зависи од однесувањето на граѓаните

Владата предлага воведување на вонредна состојба веднаш

Детален преглед: Прв сет економски мерки на Владата за ублажување на последиците од коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

60,9% од заболените со Ковид-19 во Македонија рекле дека имале контакт со потврден случај

Редакција

Каков имот пријавила Анета Симеска Димоска, која Владата ја разреши од директорската функција во Државниот пазарен инспекторат

Редакција

Маричиќ за правда, Царовска за образование, Николовски и Димитров вицепремиери: СДСМ ги соопшти кадровските решенија

Редакција