еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителката Фетаи повредена во сообраќајна несреќа

Обвинителката Фатиме Фетаи била учесник во сообраќајна нерсеќа која вчера се случила во Топанско поле.

– На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул. „Македонско Косовска“ и ул. „Џон Кенеди“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(55) од Тетово.

Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

 Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје,“ велат од МВР.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина едно лице од Ковид-19, вкупната бројка изнесува 5.494

Редакција

Преговорите со Скопје се завршени, дијалогот да го продолжи со ЕУ, вели Радев

Редакција

Корона вирусот продолжува да се шири во Ресен

Редакција