еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителката Русковска од здравствени причини го напушти рочиштето за насилството во Собрание

Обвинителката Вилма Русковска во придружба на полициски службеник го напушти судењето во предметот „27 април“ откако и се слоши во судницата.Русковска од судијката Добрила Кацарска побара да и дозволи да ја напушти судницата од здравствени причини.

Судењето продолжува со прегледување видео снимки од телевизиските куќи. Во судница се присутни сите 32 обвинети, освен обвинетиот Сашко Марковски за кого постапката беше одвоена.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

Обвинителката Трајчевска пред почетокот посочи дека сите тв камери направиле записи од по неколку часа од Собранието, но за потребите за дневниците и програмите се искористени многу помал дел, поради што времето на видеата не одговараат со реалното време.

Првата телевизиска снимка е од ТВ Алфа, каде се гледаат како влегуваат групата граѓани и полициски службеници по главните скали во Собранието. Толпата носи знамиња и извикува Македонија, Македонија!

Од кадрите пред Собранието се гледа дека веќе е стемнето, луѓето се пред главната врата и слободно се движат и влегуваат внатре поголема група луѓе.

Од снимката се гледа возило на брза помош како се обидува дс дојде до задниот влез, но кое не може да се пробие до Собранието, и откако е спречено од граѓаните се повлекува. Потоа се гледа друго амбулантно возило и како во него внесуваат на количка повреден. Цело време околу има граѓани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 631 лице кои боледувале од Ковид-19

Редакција

На судењето за „Траекторија“ се презентираат СМС пораки за соработката со „Синохидро“

Редакција

Рускиот весник Комерсант: Со уставните измени во Македонија, отворен и е патот во НАТО и ЕУ, но и за автокефалност на МПЦ

Редакција