еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителот Пеливанов бара обвинетите во „Меѓународен сојуз“ да се прогласат за виновни

Хуманоста на невладината „Меѓународен сојуз“ остана само на хартија, а во реалност се случи измама, со овие зборови обвинителот Трајче Пеливанов ги почна завршните зборови во случајот „Меѓународен сојуз“, каде првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13.

Според обвинителот Пеливанов, во тек на ова постапка било докажано дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кој се обвинети, односно дека материјалните докази биле поткрепени со изјави на сведоците.

– Обвинетите сериозно работеле да оставаат силен впечаток во јавноста. Неспорно е дека оваа дело обвинетиот Бојан Јовановски, не можел да го реализира сам, туку со влијание на останатите обвинети.

Неспорна е и улогата на обвинетата Ременски, таа знаела дека извршната власт не стоела зад договорите. Оштетените кажаа дека доколку не била обвинетата Ременски, немале да ги склучат договорите, рече Пеливанов, наведувајќи дека што се однесуваа на обвинетата Јасна Мандиќ, таа ги контактирала странките и знаела се што се случува во невладината „Меѓународен сојуз“.

Според Пеливанов, обвинетата Јасна Мандиќ свесно и по сопствена волја му помогнала на обвинетиот Бојан Јовановски во извршувањето на кривичното дело „измама“.

Застапникот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од Судот да ги прогласи обвинетите за виновни, имајќи ја предвид тежината на кривичното дело.

Воедно, полномошниците на оштетените Силјан Мицевски и Адријан Амзовски најавија отштетно побарување.

Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски – Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари“’.

Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, татко на првообвинетиот Бојан Јовановски, и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Случајот „Меѓународен сојуз” не е измама, смета адвокат Сашо Дуковски

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Разрешениот генерален секретар на СДСМ, Кирацовски: Како поединци, не сме воопшто битни

Редакција

Денеска нов обид за евакуација на цивили од Киев, Суми, Харков, Чернихив и Мариупол

Редакција

Кој е Сашо Симјановски кој Владата го предлага за член на Одборот на директори на Македонски Телеком

Редакција