еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство бара притвор за малолетникот кој усмрти жена на Пластичарска улица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје од судијата за деца при скопскиот Основен кривичен суд побара притвор за 16-годишник, кој вчера возејќи без дозвола прегази жена во Скопје која почина на лице место.

„Вчера детето без возачка дозвола ја возело колата на татко му на булеварот Никола Карев (познат како Пластичарска улица) во Скопје, а брзината не ја приспособил на условите кон својствата и состојбите на патот и кон густината на сообраќајот.

Кога стигнал пред клучката Бит Пазар, не можел навреме да го запре автомобилот и со предниот десен бочен дел од возилото удрил во жена која го поминувала коловозот надвор од обележан пешачки премин. Од ударот таа починала на лице место,“ се вели во соопштението на Обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

16-годишник со автомобил усмрти 47-годишна жена на Пластичарска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на парното ќе се знае најдоцна до вторник

Редакција

За Русија станавме Северна Македонија

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник“, се сослушуваат сведоци на Обвинителството

Редакција