еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство поведе постапка за 8 вработени во МВР кои издавале возачки дозволи без положен испит

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица вработени во Министерството за внатрешни работи – Одделение за управни работи Скопје за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничените, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, за повеќе граѓани креирале барања, спроведувале процедури и одобрувале изработка на возачки дозволи за Б категорија, иако барателите немале положено возачки испит и не се стекнале со право за поседување возачка дозвола.

За еден од осомничените, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

За останатите седуммина предложени се мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето престојувалиштето, обврска повремено да се јавуваат во Основниот кривичен суд Скопје, како и забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Во исто време, надлежниот јавен обвинител поведе постапка и против 31 друго лице кои извршиле поттикнување при извршувањето на наведеното кривично дело, односно се јавувале како баратели на возачки дозволи, иако немале положено возачки испит,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сузбиена група што издавала возачки дозволи за пари, кривична пријава за осум вработени во МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје 11: Од Ковид-19 починаа 32 лица, најмладото на 25 години

Редакција

2,4 милиони патници патувале преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2022 година

Редакција

Бугарското Собрание ќе расправа за Пендиков и односите со Македонија

Редакција