еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство предлага на Жан Митрев да му се одземе пасошот

По утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од Ковид-19 со методот на хемофилтрација.

Надлежниот јавен обвинител, имајќи ги предвид околностите, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка за обезбедување на осомничениот – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за издавање нова.

Ваквата мерка е предложена заради неопходноста да се обезбеди присуството на осомничениот и за непречено водење на постапката, информираат од Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клиника „Жан Митрев“: Целосно соработуваме со институциите

Жан Митрев повикан на распит во Обвинителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина македонскиот композиторот и диригент, маестро Александар Џамбазов

Редакција

20 прекршувања на полицискиот час, 417 казни за неносење маска

Редакција

Пристигнаа 11.700 вакцини на „Фајзер“

Редакција