еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството бара ефективен наместо куќен притвор за Сашо Мијалков: Можно е бегство

Обвинителката Ленче Ристовска, како еден од застапниците на обвинението во случајот случајот „Таргет –Тврдина“ побара ефективен притвор, наместо куќниот кој сега е во сила за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков кому денеска во Основниот кривичен суд Скопје му беше изречена затворска казна од 12 години за овој предмет што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од УБК.

„Во текот на вчерашниот ден се добиени известувања од МВР и Бирото за јавна безбедност согласно кои тие не поседуваат техничка опрема и можност за 24 часовен видео надзор над Мијалков. Дополнително, преку Европол потврдено е дека Мијалков има дозвола за престој во Прага и регистрирани две возила на свое име.

Исто така, тој е добро ситуиран има свои компании, како и оти компании имаат и членови на неговото семејство. Поради ова тој може да си дозволи да живее сосема комфорно во бегство“, изјави Ристовска.

Мијалков денеска во Кривичниот суд беше спроведен од домашен притвор што му го одреди судот како мерка на претпазливост.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков осуден на 12 години затвор за „Таргет-Тврдина“

Гордана Јанкулоска осудена на 4 години затвор за случајот „Таргет-Тврдина“

Вкупни затворски казни од 55 години и 10 години условни казни за 11 обвинети во „Таргет-Тврдина“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо 14, 21 ден карантин за сите повратници од странство

Редакција

(Фото) „Тепачка“ за автограм од Красимир Каракачанов во Битола

Редакција

Заев: Бугарија не побара соработка за истрагата со продажбата на бугарски пасоши

Редакција