Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за издавање казнени налози во висина од по 2 000 евра за вкупно 44 лица кои го нарушиле полицискиот час во Скопје и едено лице што не почитувало задолжителна самоизолација.
Еден од обвинетите не ја почитувал Наредбата за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, како мерка за спречување и ширење на заразната болест Ковид-19.
„Сите останати 44 лица не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење“, информираат од ОЈО.
За сите обвинети лица, јавните обвинители му предложија на судот да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
Тие се обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
20 лица од новозаболените со коронавирусот имале контакт со потврден случај, 1 неодамна патувало
Над милион заразени од корона вирусот во светот, починати 51.356 лица
Бројот на заболени здравствени работници со коронавирусот во Македонија порасна на 41