еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството „чешла“ три фирми кои во предизборниот период отвориле портали без импресум

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи изутринава спроведе координирана акција при што е одземена документација од три фирми за кои постои основано сооменение дека во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање.

Од ОЈО информираат дека надлежен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција издал Наредба за проверка на фирмите.

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави Известување според кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност“, стои во соопштението од ОЈО.

Од ОЈО, информираат дека во насока на утврдување на наводите од Известувањето, во текот на утрово во координација со МВР е спроведена акција при што е одземена документација од три фирми кои ги основале предметните портали, а ќе се прибираат и докази од други релевантни институции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сиљановска Давкова: Никогаш повеќе да не ги жртвуваме стандардите и сигурноста на луѓето, за профитот и богатството на поединци

Редакција

Една од фирмите која го купува бизнис центарот „Соравиа“ е на внукот на Ахмети, објави МКД

Редакција

Ќе има ли предвремени избори: Ковачевски вели не, Мицкоски вели да

Редакција